Си Џинпинг ќе ја посети Русија на 7 мај

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе престојува во официјална посета на Русија од 7 до 10 мај, на покана на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти денес Кремљ.

Во соопштението се вели дека Си Џинпинг ќе учествува на церемониите посветени на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, објави РИА Новости.

Се додава дека за време на разговорите, Путин и Си Џинпинг ќе разговараат за главните прашања за понатамошен развој на сеопфатното партнерство и односите за стратешка соработка, како и за актуелните меѓународни и регионални прашања.

Слични содржини