261
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска најави дека Пекинг мора одлучно да го спречи секој обид за одвојување на Тајван од Кина, пренесува „Ројтерс“.
На симпозиумот по повод 130-годишнината од раѓањето на поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг, Си рече дека татковината „мора и неизбежно ќе се обедини“, објави кинеската новинска агенција Ксинхуа.
Според официјалниот став на Пекинг, кој го поддржуваат повеќето земји, Тајван, кој има своја администрација, е еден од регионите на Народна Република Кина.