Си-Ен-Ен: Кина се обидува да ја спречи можната посета на Ненси Пелоси на Тајван

од Stefanija Kuzmanovska
142 прегледи

Белата куќа е загрижена дека Кина би можела да прибегне кон прогласување зона на забранети летови над Тајван пред можната посета на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, изјави американски претставник за Си-Ен-Ен.

Кина, исто така, би можела да одговори со летање на борбени авиони подлабоко во самопрогласената зона за воздушна одбрана на Тајван, што дополнително може да ги зголеми тензиите во регионот и да поттикне одговор од Тајпеј и Вашингтон, додаде официјалниот претставник, без да прецизира што би значело тоа.

Посетата на Пелоси ќе биде чин на игнорирање на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина, сериозно ќе влијае на кинеско-американските односи и ќе испрати погрешен сигнал до силите во Тајван кои сакаат независност, соопшти претходно кинеското министерство за надворешни работи.

Слични содржини