Си-Ен-Ен: Нема преживеани во судирот на воен хеликоптер и авион во Вашингтон

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Американските власти соопштија дека никој не го преживеал судирот на воен хеликоптер и патнички авион над реката Потомак, објави Си-Ен-Ен.

Според шефот на пожарникарската и итната служба на Вашингтон, Џон Донели, досега се извлечени 27 тела од патничкиот авион и едно од воениот хеликоптер. Секретарот за транспорт, Шон Дафи, рече дека и авионот и хеликоптерот летале во стандардна шема на летот.

Несреќата се случила синоќа кога авион со 64 лица се судрил со воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници и паднал во реката Потомак при обид да слета на националниот аеродром Вашингтон Роналд Реган во близина на Вашингтон.

Како што претходно беше соопштено, нуркачки тим пронашол една од двете црни кутии од патничкиот авион кој се урна во реката Потомак по судир со хеликоптер во близина на Вашингтон.

Слични содржини