Шефот на рускиот генералштаб Валериј Герасимов неодамна ја посетил Украина, изјави висок претставник на американската одбрана, пренесува Си-Ен-Ен.
„Знаеме дека тој беше во Донбас неколку дена, почнувајќи од минатата недела. Не знаеме дали тој се уште е таму“, навел функционерот.
Тој одбил да каже зошто САД се сигурни дека рускиот генерал бил во Украина или какви разузнавачки информации имаат што ги навело до тој заклучок.
Имаше и информации во медиумите дека Герасимов бил ранет додека бил во Украина, но САД немаат такви информации, додал изворот.
Соединетите Држави не се сигурни зошто Герасимов дошол на првата линија на фронтот и дали тоа укажува на недоверба на Кремљ во генералот Александар Дворников, кој пред само неколку недели беше назначен да командува со сите руски операции во Украина, истакнал функционерот. Доаѓањето на Герасимов, сепак, укажува дека тој сакал директно да ги види операциите, пренесува Си-Ен-Ен.