Си: Русија и Кина мора одлучно да се спротивстават на надворешното мешање

од Stefanija Kuzmanovska
189 прегледи

Русија и Кина мора тесно да соработуваат во заштитата на безбедноста и одлучно да се спротивстават на надворешното мешање во внатрешните работи, истакнал кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

„Двете страни треба да спроведат тесна стратешка соработка за да го заштитат својот национален суверенитет, безбедност и развојни интереси и решително да се спротивстават на мешањето на странските сили во внатрешните работи“, рекол Си Џинпинг, пренесува „Риа Новости“, повикувајќи се на кинеската централна телевизија.

Путин и Си имаа „длабока размена на мислења за актуелните меѓународни и регионални прашања“ и се согласиле дека оваа година ќе продолжат да одржуваат блиски контакти и да разменуваат мислења за кинеско-руските односи и стратешките прашања од заеднички интерес, пренесува ТАСС.

Покрај тоа, Џинпинг посочи дека Москва и Пекинг треба заеднички да ја одржуваат стабилноста на синџирите на производство и продажба.

„Кина и Русија мора да дадат нов поттик на билатералната соработка, како и да ја поддржат стабилноста на производствените и продажните синџири со консолидирани напори“, подвлекол Си.

Според кинескиот лидер, односите меѓу Русија и Кина во иднина ги очекуваат нови можности, истакнувајќи дека оваа година се одбележуваат 75 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.

Слични содржини