Си за Тајван: Обединување на татковината мора да се реализира и тоа сигурно ќе се исполни

од Vladimir Zorba
389 прегледи

Прашањето за Тајван е исклучиво внатрешно прашање на Кина, не е дозволено мешање од странство, а задачата за мирно обединување на земјата сигурно ќе биде исполнета, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг.

„Тајванското прашање произлезе од националната слабост и хаос и несомнено ќе се реши со повторното раѓање на нацијата … Мирното обединување на татковината во голема мера е во заеднички интереси на кинеската нација, вклучувајќи ги и тајванските сонародници“, рече кинескиот лидер во говорот по повод 110 -годишнината од Синхајската револуција.

Си Џинпинг истакна дека Пекинг се придржува до основната политика на „мирно обединување“ и принципот „една земја, два система“, го поддржува принципот на „една Кина“, консензус меѓу Кина и Тајван од 1992 година и промовира мирен развој на односите.

„Кинеската нација има славна традиција да се спротивставува на расколот и да го брани единството. Раздорот со „независноста“ на Тајван е најголемата пречка за обединување на татковината и сериозна скриена закана за повторното раѓање на нацијата. Крајот на оние што ги забораваат своите предци, ја предаваат својата татковина или ја делат државата, никогаш нема да биде успешен“, посочи тој.

Претседателот на Кина нагласи дека „прашањето за Тајван е исклучиво внатрешно прашање на Кина и не дозволува никакво надворешно мешање“.

„Никој не смее да ја потцени силната решителност, непоколебливата волја и значајната способност на кинескиот народ да го брани државниот суверенитет и територијалниот интегритет. Историската задача за целосно обединување на татковината мора да се реализира и таа сигурно ќе се исполни“, заклучи тој.

Слични содржини