Сибир:Мачорот Барсик за градоначалник

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Згадени од степенот на корупција и непотизам меѓу општинските власти, жителите на сибирскиот град Барнаул, бараат за градоначалник да се постави мачка по име Барсик.

237632

Барсик е стар 18 месеци, од видот шкотски фолд и стана локална звезда откако на една онлајн анкета доби најмногу гласови.

Истражувањето, во кое биле опфатени 5.400 лица, покажало дека кандидатурата на Барсик би ја поддржале дури 91 процент од жителите кој има 650.000.

Доскорешниот градоначалник поднесе оставка откако беше обвинет за распродажба на општинската земја на фирми чии газди се негови роднини, со што ја оштетил општинската каса за 157.000 долари.