388
По 100 дена локдаун, милиони ревакцинирани граѓани на Сиднеј утре ќе ги напуштат своите домови и ќе добијат пристап до ресторани, спортски сали, салони за убавина и базени.
Во австралиската држава Нов Јужен Велс, 72,8 проценти од луѓето на возраст од 16 години и повеќе се вакцинирани, објави „Гардијан“.
Бранот на делта сојот, кој започна во јуни, држеше пет милиони жители на Нов Јужен Велс под силни рестриктивни мерки вкупно 15 недели.
Земајќи го примерот на Велика Британија, Австралијците го нарекоа понеделникот „Ден на слободата“.
Нов Јужен Велс регистрираше 477 нови случаи на Ковид-19 во претходните 24 часа.