235
Австралискиот град Сиднеј денеска заедно со индиската престолнина Њу Делхи е меѓу најзагадените градови во светот, бидејќи чадот од шумските пожари на север го покри пристанишниот град.
Индексот на квалитетот на воздухот, во главниот град на австралиската држава Јужен Велс, кој е познат по ведрото и сино небо, достигна 161 по 17 часот по локално време во областите северно од центарот на градот, достигнувајќи ниво поради кое граѓаните се советуваат да избегнуваат вежбање на отворено.
Австралиската рурална противпожарна служба вели дека до вечер јужните ветрови треба да почнат да го растеруваат чадот што се надвил над градот, кој е стотици километри јужно од местото каде во пожарите изгореа околу 136.000 хектари шума.