СИДНЕЈ ПОВТОРНО БЛОКИРАН: Бројот на заразени со делта сојот расте, продолжени рестриктивни мерки

од Берта Китинска
263 прегледи

Центарот на Сиднеј и некои од предградијата на градот денеска на полноќ влегуваат во еднонеделен строг локдаун, додека властите се борат да го држат под контрола новиот бран на многу заразни лица со делта сојот.

Жителите на четирите градски области и луѓето кои работат во нив мора да останат дома освен ако не е апсолутно потребно да излезар, рече премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклијан, откако објави дека здравствените власти регистрирале 22 нови случаи на индекција од последниот извештај.

Важни причини за напуштање на домот се одење на работа или образование, пазарење, здравствена заштита или вежбање на отворено.

Здравствената службеничка Кери Чант вели дека е наредено да остане дома за да им се олесни на властите да ги пронаоѓаат новите инфекции.

Државата Нов Јужен Велс регистрираше 5.507 случаи на инфекција и 56 смртни случаи од почетокот на епидемија. Во моментов, 56 лица се лекуваат од Ковид-19, а едно лице е на интензивна нега.

Слични содржини