Сигал му даде самурајски меч на Мадуро и му покажа неколку потези (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Специјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија за руско-американски хуманитарни односи, Стивен Сигал, ја посети Венецуела.

Славниот актер се сретна со претседателот Николас Мадуро во Каракас.

Видео објавено од локалната телевизија покажува како актерот го вади мечот и му покажува неколку движења на претседателот на Венецуела. После тоа, Мадуро го зеде мечот и се обиде да повтори неколку движења.

Да потсетиме, Сигал доби руски пасош во 2016 година, а во 2018 година беше назначен за специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи за руско-американски хуманитарни врски и заедничко културно и историско наследство.

Слични содржини