Сигал за војната во Украина: „Надворешен ентитет троши многу пари за двете земји да бидат во конфликт“

од Vladimir Zorba
350 прегледи

Холивудскиот актер и мајстор за боречки вештини, Стивен Сигал, кој е познат и како голем пријател на Путин, проговори за руската инвазија на Украина.

„Многу од нас имаат пријатели и семејство и во Русија и во Украина. На двете страни гледам како на едно семејство и навистина верувам дека тоа е прашање на надворешен ентитет, кој троши многу пари на пропаганда и провокација на овие две земји да бидат во конфликт меѓу себе“, рече тој за Fox News.

„Се молам двете земји да дојдат до позитивно и мирно решение со кое можеме да живееме и да напредуваме заедно, во мир“, заклучи тој.

Во 2013 година, Путин беше прогласен за еден од најголемите светски лидери од Сигал, а Украина му забрани влез во земјата на пет години во 2017 година, откако доби руски пасош од Путин.

Сигал беше назначен од руското Министерство за надворешни работи во 2018 година за специјален пратеник за хуманитарни односи со САД, а минатата година актерот отпатува во Венецуела како претставник на Русија и на претседателот му подари самурајски меч.

Сигал, исто така, се приклучи на руската партија која го поддржува Путин.

Слични содржини