Во Европската Унија е невозможно да се разговара за стратешки прашања поврзани со европската иднина поради нивната политизација. Доколку мислењето на кој било политичар не соодветствува со мислењето на либералното мнозинство, тој ќе се смета за „пропагандист на Кремљ“, изјавил шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во интервју за „Спутник“.
„Ако вашето мислење не е 110 отсто во согласност со либералниот мејнстрим, вие веднаш сте „путинист“, „руски шпион“ или „пропагандист на Кремљ“. Поради таа политизација стана невозможно рационално да се разговара за важни, стратешки прашања, проблеми кои имаат долгорочно и сериозно влијание врз европската иднина“, рекол Сијарто.
Тој нагласил дека Будимпешта смета дека е неопходно искрено да се процени влијанието што би го имал влезот на Украина во Европската унија.
„Би било прекрасно ако барем нешто се разгледува рационално и прагматично во Европската унија. За жал, тоа сега е нереално“, додал Сијарто.
Според него, уште пред настаните во Украина во Европската унија „беше тешко да се води рационален и здрав дијалог за важни прашања, исполнет со почит“, а по февруари 2022 година „стана целосно невозможно, бидејќи сите дебати се под влијание на идеологијата и догматизмот“.