Брисел и секој главен град во Западна Европа треба да разберат дека наскоро ќе биде тешко да се зборува за безбедност во Европа без интеграција на Западен Балкан во Европската унија, најави унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто по повод самитот ЕУ – Западен Балкан.
Сијарто на својот Фејсбук профил изјави дека одлуките на Европскиот совет кои биле донесени предизвикале разочарување кај неколку земји кои претендираат за влез во ЕУ.
Тој наведе дека имал телефонски разговори со Кристијан Шмит, високиот претставник за Босна и Херцеговина, како и со Милорад Додик, српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина.