Сијарто: ЕУ има потреба од свежа сила и таа може да дојде само од Западниот Балкан

од Milan1
30 прегледи

– ЕУ има потреба од свежа сила и тоа може да дојде само од Западниот Балкан, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, денеска на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија Тимчо Муцунски.

Тој смета дека во моментов поголем е интересот на ЕУ за зачленување на некои држави отколку на самите држави и обвини дека „голем број држави лицемерно се однесуваат што придонесува за уривање на довербата на земјите од Западен Балкан кон ЕУ“

– Постојано слушаме дека одлуката за членство во ЕУ треба да биде заснована врз основа на заслуги и Унгарија се согласува со тоа, посочи Сијарто, нагласувајќи дека овој принцип треба да се применува кон сите.

– Не може да се смета за заслуга ако има несогласувања меѓу држава земја членка и земја кандидат. Како што видовте ние секогаш сме се залагале за полноправно членство на Република Северна Македонија во ЕУ и затоа го потпишавме овој денешен договор, изјави Сијарото.

Зборувајќи за Самитот на лидерите на ЕУ во Лондон, унгарскиот министер за надворешни работи рече дека осум членки на Унијата одлучиле да ја продолжат војната во Украина.

Потенцираше дека Македонија и Унгарија се на страната на мирот во Украина кој како што рече најмногу зависи од успехот на Американско-Руските преговори.

– Ние и Република Северна Македонија сме на страната на мирот. Го поддржуваме претседателот Трамп и исто така успехот на американско-руските разговори бидејќи јасно гледаме дека мирот може да се постигне само преку американско-руски договор. Македонците и Унгарците сме заинтересирани за враќањето на мирот и тоа го покажува нашата соработка од минатата недела во ОН кога ја поддржавме Резолуцијата на САД. На крајот беше усвоен предлогот на САД, рече Сијарто на заедничката прес-конференција во Будимпешта.

Министрите Муцунски и Сијарто попладнево во Будимпешта потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика. Ова претставува вовед во унгарско-македонската меѓувладина седница, која завршува утре со прес-конференција на премиерите Христијан Мицкоски и Виктор Орбан.

Слични содржини