Сијарто ја критикуваше Фон дер Лајен поради отфрлувањето на Вархеји од функцијата еврокомесар

од Nikola Popovski
31 прегледи

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска ја критикувал претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека го отфрлила Оливер Вархеји за еврокомесар за проширување и добрососедство, велејќи дека нејзината одлука е дел од „лицемерието на Брисел“.

-Земјите од Западен Балкан чекаа 14,5 години за членство во ЕУ, што покажува колку мнозинството во блокот е против проширувањето, посочил Сијарто денеска во Будимпешта.

Тој инсистирал на тоа дека јавните изјави на претставниците за проширување на ЕУ се во спротивност со она што тие го кажаа зад затворени врати.

Сијарто исто така, посочил на тоа дека земјите кои беа најнапредни во процесот на пристапување сакаат Вархеји да продолжи да ја врши својата сегашна функција.

„Министерот рекол дека Унгарија ќе направи се што може „за да обезбеди што поскоро приклучување на земјите од Западен Балкан во Европската унија“, соопшти Танјуг.

Според него, секоја земја членка има право да назначи комесар и да одлучи кого да именува.

„Значи, ќе тргнам од претпоставката дека фантастично посветените демократи во европските парламенти нема да го оспорат ова суверено право…“, рекол Сијарто.

Слични содржини