Унгарија ги нарача првите пратки руска нафта, кои веќе се на пат и ќе пристигнат во хрватските пристаништа на почетокот на март, од каде што ќе бидат транспортирани до рафинериите во Унгарија и Словачка во рок од пет до десет дена, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.
Тој оцени дека одлуката е и политички и стратешки важна за Унгарија, бидејќи ѝ овозможува на земјата да ја задржи контролата врз сопствените енергетски ресурси и да не зависи само од транзитните правци кои можат да бидат предмет на надворешен политички притисок, објави MTI.
Сијарто, исто така, предупреди против зголемување на транзитните такси преку Хрватска, наведувајќи дека целосната зависност од алтернативните правци може да доведе до монополска ситуација и високи цени.