Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Новиот пакет санкции на Европската унија против Русија главно вклучува отстапки за Унгарија, во однос на суровата нафта, работата на нафтоводот Дружба и одржувањето на метрото во Будимпешта, изјави денеска во Њујорк унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Министерството соопшти дека Сијарто рекол дека и покрај доказите во изминатите три години дека санкциите на ЕУ против Русија не успеале, па дури и предизвикале штета, биле одобрени дополнителни казнени мерки со поддршка на полското претседателство со ЕУ и бирократите од Брисел кои „ја игнорирале новата реалност“, објави МТИ.

„Овој пакет санкции, сепак, вклучува отстапки за Унгарија. Успешно се боревме во 16-тиот пакет санкции, така што Унгарија сега може да користи производи направени од руска сурова нафта, преработени во рафинеријата Братислава Словнафта и увезени од Мол, што во голема мера ја подобрува енергетската безбедност на Унгарија“, рече тој.

Слични содржини