Сијарто: Нуклеарните суперсили да не си играат геополитика околу Украина

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто ги повика нуклеарните велесили да престанат „да си играат со геополитичката ситуација околу Украина“.

На конференцијата на ОН за преглед на напредокот во спроведувањето на Договорот за неширење нуклеарно оружје, Сијарто рече дека Унгарија разбира дека земјите со нуклеарно оружје го гледаат конфликтот во Украина како прашање од геополитичка природа.

Шефот на унгарската дипломатија посочи дека земјите од Централна Европа секогаш губеле во игрите на Истокот и Западот.

Слични содржини