Сијарто: Ограничувањето на цената на рускиот гас е против интересите на Унгарија

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Предложеното ограничување на цената на рускиот гас е спротивно на интересите на Европа и Унгарија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во пресрет на вонредниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ.

„Планот со кој ќе се воведе ограничување на цената само за рускиот гас преку гасоводот е целосно против европските и унгарските интереси“, рече Сијарто во видео на Фејсбук, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека тоа веднаш ќе доведе до прекин на испораките на руски гас и дека „не ви треба Нобелова награда за да го разберете тоа“.

Чешка, која претседава со Унијата, најави дека се обидува да го отстрани од дневниот ред на денешниот состанок прашањето за ограничувањата на цената на рускиот гас.

„Утрово ќе направиме се за Брисел конечно да разбере дека снабдувањето со гас не е идеолошко или политичко прашање, туку физичка реалност“, рече Сијарто.

Слични содржини