Унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто изјави дека Унгарија нема потешкотии во снабдувањето со гас преку Бугарија.
„Разговарав со претставници на „Газпром“ и со бугарскиот колега. „Газпром“ ѝ плати на Бугарија такса за транзит на гас, нема спор меѓу „Газпром“ и Бугарија за транспортот на гас, така што снабдувањето со гас на Унгарија е сè уште безбедно“, рече Сијарто.
Тој наведе дека во Унгарија непречено стигнуваат преку Турција, Бугарија и Србија дневно по 10 милиони кубни метри природен гас, како што е предвидено во договорот со рускиот добавувач, пренесе РТС.