Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто го обвини украинското раководство дека се обидува да се меша во претстојните унгарски избори.
Неговиот украински колега Дмитриј Кулеба ги негираше овие обвинувања, пренесува агенцијата АП.
Во видеото објавено на социјалните мрежи, министерот Сијарто тврди дека постои „постојана координација меѓу унгарската левица и претставниците на украинската влада“ и дека Украина се обидува да влијае на парламентарните избори на 3 април во корист на коалицијата на опозициските партии.