Уште еден Унгарец од Закарпатија загина во борбите во Украина, каде што Унгарците умираат бесмислено во сосема бесмислена војна, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Сијарто во соопштението изјави дека огранокот Мукачево на Закарпатското унгарско културно здружение КМКСЗ ја информирал владата за 97-та унгарска жртва, 48-годишен маж, чија сопруга и две деца „сега залудно чекаат тој да се врати дома“.
„Семејството ќе биде контактирано и ќе добие „вообичаена поддршка“ од Унгарија. Оваа војна мора веднаш да заврши. Го повикувам Брисел да не ги поткопува мировните напори во иднина“, рече Сијарто, според МТИ.
Орбан: Украина продолжува да ги блокира испораките на нафта за Унгарија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека сè уште не ги обновува испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“, со што ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија.
„Испораките на нафта мора веднаш да продолжат! Знаеме дека нафтоводот е оперативен. Знаеме дека испораките на нафта за Унгарија не беа обновени поради политичка одлука на претседателот Зеленски“, напиша Орбан на мрежата X.
Тој додаде дека Зеленски „му тврди на Брисел дека нафтоводот не може да се рестартира“.