Сијарто: Унгарија нема да испорачува оружје на Украина

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Унгарија нема да и испорачува оружје на Украина, бидејќи сака да избегне инциденти во близина на нејзините граници слични на оние во близина на Лавов, кога руските војници уништија контингент странско оружје испратено до украинската армија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи – Петер Сијарто.

„Најважна работа за нас е безбедноста на Унгарија и ќе сториме се за да ја спречиме нашата земја да се вклучи во војната“, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу во Анкара.

Тој повтори дека унгарската влада одбила да испорача оружје на Украина и не дозволила транспорт на оружје за украинската армија преку нејзина територија, а таа одлука ја оцени како добра, особено во светло на неодамнешниот настан во Лавов.

Слични содржини