Сијарто за Навроцки: Уште една победа за европските патриоти

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Победата на кандидатот на националистичката опозиција Карол Навроцки на изборите во Полска носи „нова победа за (европските) патриоти“, изјави на Фејсбук унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, објави Ројтерс.

Тој му честиташе на Навроцки, кој победи на вчерашниот втор круг од претседателските избори со 50,89 проценти од гласовите, според Полската изборна комисија, врз основа на 100 проценти од преброените гласачки ливчиња.

Изборната комисија соопшти дека Навроцки освоил 50,89 проценти од гласовите, или 10.606.628 гласови, додека неговиот ривал, градоначалникот на Варшава, Рафал Чашковски, освоил 49,11 проценти, или 10.237.177 гласови, објавија полските медиуми.

Слични содржини