Сиљановска Давкова: Случајот со бегството на Мијалков наликувал на филмови како „Роки“ и „Кум“

од Берта Китинска
307 прегледи

Случајот со бегството на Мијалков наликувал на филмови како „Роки“ и „Кум“, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова во гостувањето на Сител.

-Како можеше денеска премиерот да има повеќекратна улога. Да одговара и во својство на Јавен обвинител, истражен судија, судија. Тој го опиша целиот процес. Добивме впечаток како да се работи за некој филм, како „Роки“, да речеме, или „Кум“. Јас не би можела да кажам бидејќи постапката трае во кого може да се лоцира вината, бидејќи тоа ќе го кажат судските органи, таков одговор очекував денеска од премиерот. Очекував да одговара министерот за правда, министерот за внатрешни работи. Меѓутоа, шокантно делуваше сѐ што се случуваше, наликуваше на филм, Од температура над 40 степени и потоа облекување на маица. Неверојатно нешто. До ваши колеги новинари кои случајно се најдоа на тоа место. До опис, прво на бегство, па потоа присуство овде. Многу дилеми има и тоа фрла темна сенка на Обвинителството, рече Сиљановска Давкова.

Слични содржини