Шилегов: Очигледна е безидејноста, очигледен е стравот, очигледна е немоќта на ДПМНЕ

216 прегледи
По денешните обвинувања од страна на ВМРО ДПМНЕ, според кои Шилегов уплатувал на сметка на своето адвокатско друштво државни пари, на име на адвокатски услуги, се огласи и градоначалникот на Скопје, Птре Шилегов кој вели:
„Очигледна е безидејноста, очигледен е стравот, очигледна е немоќта на ДПМНЕ да одговори на новите градски политики кои јас ги креирам во изминативе три години и чии резултати се од ден на ден се повидливи и добро прифатени од граѓаните. Кога е таа структура во прашање тргнуваат кон креирање на лаги, на манипулации. Денеска од страна на портпаролот беше искажана една голема лага да се прикаже дека јас како градоначалник сум го плаќал сопственото адвокатско друштво за консултантски услуги.
Вистината кога е ДПМНЕ во прашање е секогаш на обратна страна. Јас уште како пратеник во Собранието имам склучено договор за консултантски услуги со сопственото адвокатско друштво кое ме плаќа мене. Еве го договорот во 2015 и месечниот приход кој е уредно пријавен во анкетниот лист и предаден во Антикорупцсика комисија кога станав градоначалник. За тие средства од 50.000 денари уредно плаќам данок. Ги повикувам, да се радуваат на развојот на нашиот град, на она што градот изминативе три години чекор по чекор го постигна.
Град Скопје и јас како градоначалник немаме склучено никаков договор, ниту еден денар од градската каса не е влезено во моето адвокатско друштво. Јас земам сопствени пари од моето адвокатско друштво“, истакна Шилегов.

Слични содржини