171
Најмалку четири лица загинаа, а девет се повредени при лизгање на земјиштето предизвикано од обилни врнежи во Техеран денеска, јави иранската државна телевизија.
Силниот дожд доведе до поројни поплави, а потоа и лизгање на земјиштето во северозападниот дел на Техеран и го оштети верскиот храм во тој град, пренесува АП.
Како што додава иранската телевизија, можно е да има луѓе затрупани под калта.
Спасувачките екипи се на терен.