Силен раст на продажбата на автомобили во Германија

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Речиси 247.000 нови автомобили се продадени во Германија во мај, што е за 19,2 отсто повеќе од мај минатата година, објави Федералната управа за моторни возила KBA, пренесува француската новинска агенција АФП.

Аналитичарите предупредуваат дека рецесијата во најголемата европска економија може да го ослабне автомобилскиот сектор.

Според податоците на КBА, минатиот месец во Германија биле новорегистрирани 246.966 автомобили, што е за 19,2 отсто повеќе од претходната година. Пред тоа, годишен раст од 12,6 отсто на продажбата на автомобили во Германија е забележан во април, а 16,6 отсто во март.

Продажбата на целосно електрични возила се зголеми за 46,6 отсто минатиот месец. Од друга страна, побарувачката за plug-in хибриди е намалена за 40,5 отсто.

Бидејќи недостигот на чипови што влијаеше на производството на возила продолжува да се намалува, производителите на автомобили ќе можат да го зголемат производството за да ја задоволат побарувачката, проценува Питер Фус од аналитичката фирма EY, пренесува АФП.

Иако нагорниот тренд веројатно ќе продолжи, слабата економска слика во комбинација со високата инфлација може да предизвика забавување, рече Фус. Германската економија влезе во рецесија на крајот на годината.

Во исто време, Фус нагласи дека продажбата на автомобили се уште е далеку под нивото пред пандемијата.

Слични содржини