Силен земјотрес го погоди северниот дел на Перу, нема информации за жртви

од Radmila Tasevska
157 прегледи

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денес го погоди северниот дел на Перу, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот се случил на длабочина од 139 километри, додаде EMSC, а пренесе Ројтерс.

Британската агенција не наведува дали има податоци за евентуална материјална штета или жртви.

Слични содржини