Силен земјотрес го погоди Таџикистан: Работите паѓаа насекаде (ВИДЕО)

од Radmila Tasevska
209 прегледи

Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан. Потоа следеа серија земјотреси.

Според медиумите, по првиот земјотрес оваа земја ја погодија уште неколку со магнитуди од 6,8, 7,3, 5,0, 4,6 и 4,9 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на првиот земјотрес бил на 82 километри од границата со Кина. Земјотресот бил почувствуван и во кинеската провинција Синџијанг.

Освен во Кина, овој силен земјотрес беше почувствуван и во Пакистан, Узбекистан и Авганистан. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат вознемирени луѓе кои биле на аеродромот во моментот на земјотресот. Луѓето во паника почнале да бегаат од аеродромот и во еден момент работите почнале да паѓаат.

Објавено е и видео снимено во стан во моментот на земјотресот. Тоа покажува дека земјотресот бил многу силен.

Слични содржини