157
Киргистан синоќа го погоди земјотрес со јачина од 5,9 степени, соопшти сеизмолошката служба на соседен Казахстан.
Епицентарот на земјотресот бил на територијата на Киргистан, 279 километри југоисточно од градот Алмати во Казахстан, на длабочина од 15 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.