192
Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтерова скала го погоди индонезискиот остров Суматра, при што две лица загинаа, а најмалку 20 се повредени.
Потресот бил почувствуван дури во Сингапур и Малезија.
Не било објавено предупредување за појава на цунами, но земјотресот ги принудил луѓето да бегаат од станбените згради во западна Суматра, а предизвикал и евакуација на луѓето во Малезија.
Индонезиските власти ги предупредија своите граѓани да бидат на готовност. Шефот на државната агенција за ублажување на катастрофи изјави дека најмалку две лица загинале.
Исплашени од земјотресот, луѓето ги напуштале домовите и работните места.