Силен земјотрес ја погоди Турција

од Илинка Илиоска
406 прегледи

Земјотрес од 4,3 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди Турција, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ).

Земјотресот се случи на длабочина од осум километри.

Епицентарот на земјотресот бил 32 километри југоисточно од градот Малатија, во кој живеат повеќе од 400.000 жители.

Засега нема податоци за можна материјална штета.