Силен земјотрес ја потресе и Турција

од Симе Стоиков
926 прегледи

Многу силен земјотрес ја потресе утрово Турција во 10:48 часот по локално време.

Иако според првите проценки земјотресот бил со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, подоцна било соопштено дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени.

Земјотресот е регистриран на 45 километри северозападно од Адијаман, на длабочина од 8 километри.

Засега нема информации за штети или повредени. Жителите велат дека земјотресот бил силно почувствуван.

„Ме разбуди“, „Навистина добро се тресеше“, „Беше краткотрајно, но беше интензивно“, наведуваат во коментарите на ЕМСЦ.