689
Околу 22 часот е регистриран силен земјотрес во Хрватска, во близина на најголемиот далматински град Сплит.
Првичните податоци на EMSC беа дека станува збор за земјотрес со јачина од 5,1 степен по Рихтеровата скала, но, подоцна државниот сеизмолошки завод на Хрватска ја коригираше јачината и ја намали на 4,6 степени.
Епицентарот се наоѓа на 40-тина километри од Сплит, на работ на Ливањско поле.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.