600
Земјотрес со јачина од околу шест степени го погоди денеска Токио и околните области, објави националната телевизија НХК.
Според скалата на интензитет што се користи во Јапонија, овој земјотрес е означен со „пет плус“, што е ниво што може да предизвика оштетување на зградите и прекин на електричната енергија, пренесува Ројтерс.
Поради земјотресот, неколку брзи железнички линии беа во прекин.
#earthquake #Japan #Tokyo rocked by 6.1 magnitude earthquake pic.twitter.com/r9gZ4NxDFC
— Aleksander Onishchuk (@Brave_spirit81) October 7, 2021