Силен земјотрес во Конго сруши цели згради (ВИДЕО)

од Берта Китинска
336 прегледи

Земјотресот беше регистриран на границата меѓу Конго и Руанда уништи згради во градот Гома, а се стравува дека повторно ќе дојде до ерупција на блискиот вулкан Нијарангонго, само три дена откако од првата ерупција загинаа десетици лица, а 17 села беа уништени од лавата.

Земјотресот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, и бил најсилниот од над 100-те земјотреси регистрирани по ерупцијата на вулканот Нијарагонго, еден од најактивните и најопасните вулкани во светот.

Слични содржини