Земјотрес со јачина од 6,0 степени го погоди Перу, соопшти перуанската сеизмолошка служба. Нема податоци за жртви и штети.
Земјотресот е регистриран синоќа во 21.54 часот, по локално време, на околу 32 километри југозападно од Мала и на околу 100 километри од главниот град Лима.
Земјотресот бил на длабочина од 32 километри. Земјотресот се почувствува во Лима, каде многу жители излегоа на улица во паника.
Не е издадено предупредување за цунами.Перу се наоѓа во „Пацифичкиот огнен појас“, каде што се чести земјотресите.
🔴 #LoÚltimo [ACTUALIZACIÓN] El Instituto Geofísico del Perú informó que el movimiento telúrico se registró a 33 km al suroeste de Mala, Cañete, región Lima, a las 21:54 horas de hoy martes. ►https://t.co/vbA2jKC5MR pic.twitter.com/I8jgTcMh1A
— TVPerú Noticias (@noticias_tvperu) June 23, 2021