Силиконот е клучот за создавање на подобри батерии

од Vladimir Zorba
86 прегледи
Тим од истражувачи од Универзитетот во Калифорнија одржаа серија експерименти со кои пронајдоа интересна примена на силиконот. kuler_i_hanske_forsidebred_None_0Научниците успеале да развијат посебна анодна, кој може значително да ја подобри способноста на современите литиум-јонски батерии. Благодарение на оваа иновација тие успеваат да произведат модел кој ги надминува сите досегашни материјали кои се користат во нивното создавање, пренесе Гизмаг.
Графитот денес е клучниот елемент за градење на негативните електроди на литиум-јонските батерии, но тој има ограничен капацитет. Наместо тоа, силиконот им овозможува на научниците да штедат до 10 пати повеќе енергија и исто така се одликува со импресивна ефикасност од 99,9%. Проектот всушност се состои во производство на ултратенки нановлакна кои имаат дебелина од само 10 нанометри и така ќе се намалат значително димензиите на батериите.
Истражувачите прецизираа дека новата електрода ја отстранува потребата од дополнителни колектори, поврзувачи и други клучни компоненти, бидејќи над 80-отсто од тежината е изградена од силикон. Во оваа фаза батеријата која развиваат со овој метод е со големина на монета, а тие ќе продолжат да спроведуваат експерименти со неа. Научниците се надеваат дека ќе го привлечат вниманието на водечките производители во индустријата, за да го забрзаат влегувањето на оваа технологија на пазарот.