Силите на отпорот: Талибанците претрпеа тежок пораз во Паншир

од Nikola Popovski
225 прегледи

Припадниците на талибанското движење претрпеа тежок пораз во провинцијата Паншир, единствена во Авганистан која пружа отпор, изјави денеска за ТАС С извор близок до Националниот фронт за отпор (НРФА).

Според изворот, талибанците во четвртокот и рано утрово се обиделе да влезат во Паншир од запад и југ.

„Не успеаја во двата правци и мораа да се повлечат, откако претрпеа големи загуби. Ситуацијата во опколената провинција е стабилна“, изјави извор од руската агенција, додавајќи дека некои талибански борци се заробени.

Истиот извор ги демантираше тврдењата на Талибанците, кои претходно рекоа дека освоиле неколку области и четири гранични премини во Паншир, и дека биле убиени 31 припадник на движењето на отпорот.

Портпаролот на НРФА, Фахим Дашти, за ТАС С изјави дека нивните сили се посветени на мирно решавање на ситуацијата, но и дека се подготвени за војна со радикалните милитанти.

Според него, во судирите претходните два дена биле убиени околу 350 Талибанци, а 35 биле заробени.

Слични содржини