Сиљановска Давкова – амбасадор Памер: Австриската поддршка за македонските аспирации за членство во ЕУ од голема важност

од Илинка Илиоска
545 прегледи

Претседателката на државата Гордана Сиљановска на денешната средба во вилата на Водно со австрискиот амбасадор Мартин Памер, ја нагласи важноста на австриската поддршка за македонските аспирации за членство во Европската Унија.

Како што информираат од нејзиниот кабинет, претседателката посочила на очекувањето за непречено продолжување на евроинтегративниот пат, преку праведно евалуирање на пристапувањето, врз основа на Копенхашките критериуми, информираат од нејзиниот кабинет.

– Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна подготвеноста да придонесе во обезбедувањето на национален консензус за забрзување на реформската агенда во сите критични области посочени во извештаите на Европската Комисија, соопштуваат од кабинетот на шефицата на државата.

Двајцата соговорници се согласиле Република Австрија и нашата држава негуваат пријателски и партнерски односи, преку нивен развој во повеќе сфери од заемен интерес и во таа насока претседателката Сиљановска Давкова ја истакна својата подготвеност за време на нејзиниот мандат да придонесе за нивно натамошно унапредување, како на политички, така и на економски план.

Aмбасадорот Памер упати честитки до претседателката Сиљановска Давкова по повод стапувањето на функцијата.

Слични содржини