2,6K
Еден победник има на изборите. Секогаш нашите влади биле мултиетнички, така што не можам да забележам мајоризација, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на ДУИ дека им е одземен „легитимитетот“.
Претседателката му испрати порака на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека е опасно е да се биде секогаш на власт, затоа што власта оптоварува.
Таа истакна дека изборот на влада се прави според идеолошката определба, како и според наоѓањето со кого би постигнале најдобри реформски резултати.