Сиљановска Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање

од Илинка Илиоска
137 прегледи

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање и одлука за разрешување на досегашниот директор Еролд Муслиу.

Претседателката Сиљановска Давкова денеска ја разреши заменичката директорка во Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и ја именуваше Ивана Стојановска.

Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска се долгогодишни професионалци во Агенцијата за разузнавање. Претседателката Сиљановска Давкова овие одлуки ги донесе согласно нејзините уставни и законски надлежности, гласи соопштението од кабинетот на претседателката.

Слични содржини