Силјановска Давкова на средба со претставници на политичката партија на Македонците во Албанија: Се соочуваат со пропаганда и обид за асимилација

од Milan1
53 прегледи

Денеска претседателката Гордана Силјановска Давкова оствари средба со делегација од единствената политичка партија на Македонците во Албанија – Македонската алијанса за европска интеграција, предводена од нејзиниот претседател, Васил Стерјовски.

„Разговаравме за состојбата на македонското малцинство и односот на албанските институции кон нив, при што укажаа дека се соочуваат со пропаганда и обиди за асимилација коишто го загрозуваат нивниот национален и културен идентитет“, напиша Давкова на својот профил на „Фејсбук“ и додаде:

„Потребен е стратешки пристап во решавањето на статусот и заштитата на правата на македонското малцинство во Албанија, согласно европските и меѓународните документи“.

Слични содржини