Сиљановска-Давкова предложи нов гувернер на Народната банка

од desk4
75 прегледи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието достави предлог проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за нов гувернер на Народната банка.

Од нејзиниот кабинет информираат дека одлуката била донесена врз основа на неговата стручност, искуство и интегритет.

„Изборот не беше лесен, затоа што сите кандидати покажаа висок квалитет,“ посочуваат од Кабинетот на Претседателката.