Силјановска-Давкова смета дека Бугарија ќе го тргне ветото

од Nikola Popovski
329 прегледи

Мислам дека Бугарија ќе го крене ветото, но не од уверување, туку поради алибито дека тој пат кон ЕУ трае 15 години и треба да се отворат 27 поглавја, смета пратеничката и поранешна кандидатка за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова за Дневникот на ТВ Сител

Според неа, тоа е новата методологија.

-Колку кластери ќе отвориме, толку пати секој кој не е задоволен од нас од надвор, да ни постави услови, оценува пратеничката.

Силјановска-Давкова додава дека политиката не е музика.

-Малцинството е реалност. Малцинството во Бугарија постои. Малцинството покренало низа постапки пред судот во Стразбур, нагласи Силјановска Давкова.

Слични содржини