Силјановска до ДУИ: Жал ми е што морам да ги разочарам нема двајца победници на изборите

од Milan1
1,3K прегледи

Денес претседателката Гордана Силјановска Давкова од Охрид по однос незадоволството кај ДУИ што не се повикани да бидат дел од новата влада, таа рече дека мандатот оди кај победникот на изборите. Како што рече нема двајца победници на изборите, еден победник има и тој ги избира коалиционите партнери

-Многу ми е жал што морам да ги разочарам, но како конституционалистка го читам она што го пишува во Уставот. Нема двајца победници на изборите, еден победник има, тој ги избира коалиционите партнери. Се разбира дека е политички, етнички, демократски здраво да вклучите во владата албански партии, тоа мандатарот веќе ќе го направи, меѓутоа другите тези од типот мнозинство – малцинство апсолутно не држат. Мнозинство има оној што има зад себе 61 пратеник и се разбира, посакувам во иднина при креирањето влади одлучувачки да бидат програмите, односно идеологијата. Тешко можете да мешате вода и масло, треба да имате компатибилни програми, за да имаме навистина реформи, рече таа.

Во однос  на Преспанскиот договр посочи рече дека ќе го почитува,  како и оти, „за разлика од други“, го почитува меѓународното право. Таа истакна дека начинот како ќе го користи името на државата е „лична определба, право што е загарантирано со повисоки акти од билатералните договори“.

Давкова пред медиумите истакна дека преку разговори ќе ги убедува Грците, дека е во право кога го користи името Македонија наместо уставното име на државата. За начинот како тоа ќе го спроведува, рече дека има план.

Што се однесува на доделувањето на мандатот на лидерот на партијата што освои најголем број гласови на изборите за формирање влада, Давкова посочи дека тоа ќе го стори наредните десет дена.

Слични содржини