Досегашните промени беа врз основа на договори или врз основа на притисок однадвор. Доста отваравме пандорини кутии, да се занимаваме со демократијата. – го започна говорот пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, по паузата.

– Таа истакна дека со една програма се направи влада, а со друга се трчало на терен. Затоа се појави и Левица, зошто остана простор на осирмашени луѓе кои во СДСМ не препознаа некој кој ги застапува нивните интереси. Премногу тајкуни се појавија со приватизацијата, а на дното останаа осиромашени луѓе. – рече Силјановска Давкова.
Програмата кога ќе ја читате и споредувате со други, нема карактер со други. Само насловите прочитајте ги. Она што треба премиерот итно да го направи е ветинг кој почнува со нас, па со администрацијата, а потоа на праг сме со преговори. Јас не видов стратегија, освен онаа во однос на менување на името. Што сега со договорот со Бугарија и Преспанскиот договор? Дали имаме концепт што ќе правиме? САД не подржува, но ЕУ не се исти. Мора да најдеме решение, во 26 амбасади немаме наш човек, како ќе бидеме активни? – заврши Силјановска Давкова.
Рече дека нема да гласа за владата.